Со новите цени праќаме сигнал дека ако се штеди, ќе има пониски цени на струјата

t

Кај 99,2 отсто од домаќинствата ќе се намали трошокот за електрична енергија не вклучувајќи го зголемувањето на ДДВ-то. Јас сум противник на поскапување на електричната енергија и сметам дека треба да се свртиме кон домашните капацитети. Годинава имаме и заштеда на струја од 16 отсто, вели претседателот на РКЕ Марко Бислимоски во СТУДИО 10 на ТВ24.

-Најбитно е што за 70.000 мали и микро компании значително се намалува цената на струјата, вели Бислимоски.

Бислимоски вели дека енергетските компании успеале да остварат заштеда на цената за пренос на електрична енергија, освен тоа што се намалени трошоците за мрежарината.

ЕСМ има дополнителни обврски. Ако ги снабдува само малите потрошувачи ќе нема потреба да набавува дополнителна струја, но сега треба да ја поддржува на пример пекарската индустрија, објаснува Бислимоски.

-Со новите цени праќаме сигнал дека ако се штеди, ќе има пониски цени на струјата, вели Бислимоски за намалувањето на цените за првиот и вториот блок потрошувачи и минималното покачување на оние од третиот блок.

Бислимоски појаснува дека кога намалувањето на цената на струјата ќе се компензира со зголемувањето на ДДВ-то од 5 на 10 отсто, практично цената на струјата за првите два блока потрошувачи ќе остане непроменета.

-Ќе се потрудиме цената на струјата да остане на ова ниво без разлика на берзанските цени на електричната енергија. Добро е што во последно време имаме тренд на зголемување на фотоволтаиците, вели Бислимоски.

Тој додава дека годината е исклучително тешка, а дека ние имаме стари енергетски капацитети и квалитетот на јагленот е низок, па оттука се очекува дека ќе има испади но битно е тие да се санираат бргу, а јаглен ќе мораме да увезуваме.

Во однос на парно греењето Бислимоски вели дека снабдувањето е стабилно и се одржува цената преку субвенции од Владата. Нашите топлани работат на гас, но некои се адаптирани да работат и на дизел во случај нашата земја да остане без испорака на гас поради некоја причина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британците предупредија на уште една тешка зима

Сметките за енергија се очекува нагло да…

Владата нареди: Институциите мораат да заштедат 15%…

Владата, на денешната седница ја разгледа Информацијата…

За праведна енергетска транзиција потребни се домашни…

„Верувам дека оваа година производството на електрична…

Толку од сплотеноста во ЕУ – Германскиот…

Шолц: Германија нема да ја бојкотира руската…

Добро утро со Инфомакс: Шест видови храна…

Доколку не сте утринска личност, будењето рано…