Со потврда од матичен лекар, невработените до четврток можат да се пријават за гаснење пожари за 24.000 денари месечно
Огласот за ангажирање 400 невработени лица за помош при гаснење пожари на Владата е отворен до четврток, вели Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Единствен документ што им треба да пријавување е потврда од матичен лекар дека се здрави, а пријавувањето е во локалните центри за вработување.
„Ги повикувам сите заинтересирани лица за оваа владина мерка најдоцна до четврток да поднесат апликација во локалниот центар за вработување, во кој било град во државата. Таму ќе ги пополнат потребните документи. Значајно е дека треба да донесат медицинска потврда од матичниот лекар, во којашто се потврдува дека не боледуваат од тешки болести, кои би им пречеле во работењето на оваа исклучително одговорна задача. Други документи не се потребни. Од оние кои ќе покажат интерес за оваа работа ќе ги избереме најдобрите и ќе може да бидат примени како професионални пожарникари во локалните територијални противпожарни единици. Најдобрите од нив, особено оние кои што гравитираат во Скопје и околината, ќе имаат можност да конкурираат и да бидат дел од новата специјална единица за заштита и спасување, која што е во фаза на формирање“, рече директорот на ДЗС, Ангелов.
Мерката предвидува, невработените лица кои ќе бидат ангажирани за извршување јавни работи, со фокус на создавање противпожарни појаси и други активности за спречување и намалување на ризикот од пожари, да добиваат месечна плата од 24.000 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Со потврда од матичен лекар, невработените до…
Огласот за ангажирање 400 невработени лица за…
СДСМ: Владата ќе потроши 1,8 милиони евра…
Додека државата гори, додека пожарникарите со мизерни…
Власта не дава пари за плата од…
„Во време кога гори цела држава, а…
Децата на обичните смртници ќе добијат привремена…
*Објава на Фејсбук на Иљче Затаракоски: Значит…
50 милиони лекарски прегледи во Бугарија за…
Бугарите минатата година биле подложени на 50…