Со ребаланс на Буџетот ќе се обезбедат 720 милиони денари за зголемените плати на функционерите

t

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска пред јавноста на прес-кинференција во Владата објави дека со ребалансот на буџетот до крајот на годината предвидени се дополнителни 720 милиони денари за плати на 1.000 функционери кои во меѓувреме со уставна одлука добија зголемување на доходите за 78 отсто. 

Овие пари ќе бидат официјално впишани во буџетот како плус потребни на инаку до сега редовните примања на избраните функционери. Овие 12 милиони евра се една од причините зошто се прави ребаланс на буџетот, кој денеска е прифатен на владина седница и ќе биде испратен во Собрание. 

– За покачувањето на платите на 1.000 функционери, односно 450 судии, 150 обвинители, 120 пратеници, 50 правобранители, владини функционери, министри, директори, предвидени се 720 милиони денари, рече Бесими.

Како што додаде министерот, прераспределбата на буџетот ќе значи кратење од капиталните инвестиции кои не се движат со посакуваната динамика, а од друга страна ќе има зголемување на плати , пензии , К-15, социјална помош, набавка на лекови, антикризни мерки од деветти пакет, итн.

Се определуваат 4,25 милијарди денари дополнително за зголемените плати во јавниот сектор и за годишен регрес кој ќе се исплаќа по 10.000 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Синдикатот на полицијата бара покачување на платите…

Синдикатот на полиција во Македонија упати барање…

Се градело без одобрение за градба: Апсења…

Поранешниот секретар на Секретаријатот за легализација во…

Функционерите на ВРЕДИ ги злоупотребуваат државните ресурси…

Вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, и…

СДСМ: Неквалификувани ревизори и насилници поставени од…

Не запираат скандалозните назначувања на неквалификувани и…

Ребалансот на пленарна седница во понеделник, ни…

Собранието за понеделник ја закажа седницата на…