Со тврд предмет и го скршил черепот, па и пресекол делови од телото и ги сокрил – притвор за убиецот од Штип
Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.
Осомничениот 74-годишник, при вршење семејно насилство, лишил од живот жена со која биле во блиски лични односи, така што со тврд предмет и задал повеќе удари во главата, кршејќи и го черепот.
Потоа, со остар предмет пресекол делови од телото и ги сокрил на непознато место, а трупот го закопал во дворот од куќата.
Јавниот обвинител процени дека во конкретниот случај постои опасност од бегство, но и можност осомничениот да ги сокрие трагите од кривичното дело, па до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.
Свирепо убиство во Штип: Грабнал и убил старица, ја закопал во дворот
Вознемирувачко: 79 годишната штипјанка убиена поради љубовни недоразбирања и љубомора, делови од телото се уште не се пронајдени
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Со тврд предмет и го скршил черепот,…
Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за…
Власта нема изговори за одлагање надзорна расправа…
Според неа, надзорна расправа за Кочани мора…
Филипче: Власта врши притисок врз судството
Претседателот на СДСМ и на Националниот совет…
Полскиот премиер се огласи по експлозијата: “Ова…
Полскиот премиер Доналд Туск потврди дека експлозија…
Уапсен маж од скопско село, ја претепал…
На 15.11.2025 во 16:45 часот во скопско…