Со т.н. ноќен радар 261 санкции за брзо возење на територија на цела држава
Во текот на изминатата вечер (12.08.2022) во периодот од 18.00 до 00.00 часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 261 возач. Од нив, 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. При тоа 170 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 91 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Haпаднат пoлицаец на протестите во Белград:Стравични…
Откако групата блокатори по вечервашниот ненајавен протест…
Овој дел од лубеницата е корисен за…
Фрлањето на белиот дел од лубеницата, велат…
(Видео)Парада на гордоста во Будимпешта: Десетици илјади…
Оваа година се одбележува 30-годишнината, а поради…
Реки студенти и граѓани во Белград, „Славија“…
Протестот „Се гледаме на Видовден“, кој го…
iPhone 17 Air ќе има батерија од…
Веќе подолго време се знае дека iPhone…