Со увозот на 10 000 странци, Владата свесно ја урива цената на трудот – велат од Левица
Одлуката на Владата предводена од Христијан Мицкоски да издаде 10 000 нови дозволи за престој и работа на странски државјани е доказ дека власта ја жртвува иднината на сопствениот народ за профитот на крупниот капитал, реагираат денеска од опозициската Левица. Според партијата, наместо да се креираат политики за задржување на младите, се гради модел на држава со празни домови и бизниси полни со евтина, увезена работна сила.
Во партиското соопштение се наведува дека Владата отворено застанала на страната на газдите, прифаќајќи ја логиката дека платите мора да се држат ниски, а работничките права да се кратат за да се зголеми профитот на малкумина. Левица директно посочува дека економската политика не ја диктира Владата, туку стопанските елити кои иако немаат изборен легитимитет, поседуваат огромна моќ.
„Ова е отворено признание дека Владата не планира да ја крене вредноста на трудот, туку да ја собори. Кога македонски работници масовно си заминуваат поради понижувачко ниски плати, ДПМНЕ не гледа проблем во платите, туку во тоа што нема доволно ʼрезервна армијаʼ за експлоатација“, велат оттаму.
Покрај економскиот удар врз домашниот работник, Левица во оваа одлука гледа и геополитичка позадина, предупредувајќи дека увозот на работници е вовед во поширока операција поврзана со најавите од британските медиуми за масовен прилив на мигранти. Од партијата заклучуваат дека додека македонските граѓани заминуваат во странство да работат како луѓе од втор ред, Владата се подготвува Македонија да ја претвори во резервоар на евтина работна сила и прифатен центар за туѓи социјални проблеми.
Реакција на оваа тема вчера пристигна и од опозициската СДСМ, од каде велат оти Владата на Христијан Мицкоски ја отвори вратата за влез на 10 000 странски работници во 2026 година, што е двојно зголемување на квотата во споредба со лани, со што власта реализира план за носење на таканаречени економски работници на штета на домашниот стандард.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Со увозот на 10 000 странци, Владата…
Одлуката на Владата предводена од Христијан Мицкоски…
(Видео) Голема полициска акција во Батинци доцна…
До редакцијата на Инфомакс простигнаа снимки од…
Шокантен план од Вашингтон: Трамп создава свои…
Американскиот претседател Доналд Трамп планира да формира…
Пезешкијан: Нападот врз Хамнеи значи „тотална војна“
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во неделата изјави…
Лице возело со неверојатно ниво алкохол во…
На 18 јануари 2026 година, околу 00:50…