Со 4 милиони евра од ЕБОР Стопанска банка Скопје ќе ги поддржува малите и средни претпријатија
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) одобри кредитна линија за Стопанска банка, од која корист ќе имаат малите и средни претпријатија (МСП) во нашата земја.
Претседателката на ЕБОР, Одил Рено-Басо и Генералниот извршен директор и Претседател на Управниот Одбор на Стопанска банка Диомидис Николетопулос, денес, во Скопје, потпишаа договор за кредитна линија во износ од 4 милиони евра.
Кредитната линија за Стопанска банка ќе помогне на МСП во поддршка на инвестициите во технологии и услуги со високи перформанси со што ќе им овозможи да станат поконкурентни. Исто така, на малите компании ќе им овозможи да го поттикнат своето делување по Ковид-19 пандемијата.
Кредитната линија е дел од новата Програма на ЕБОР за поттикнување на МСП, која ги поддржува малите компании во опоравување од забавениот раст за време на пандемијата.
Со програмата ќе биде поддржано и проширувањето на зелената економија во македонската територија преку промовирање на инвестиции за подобрување на енергетската ефикасност. Околу 70 проценти од финансирањето на програмата ќе биде алоцирано за инвестиции во заштеда на енергија и за зелени технологии, додека остатокот ќе биде наменет за поддршка на инвестиции во автоматизација, зголемена продуктивност, квалитет на производи и безбедност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Историски шамар за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените…
СДСМ оценува дека денешното однесување на Европската…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…