Спасени четири лица на Водно, меѓу кои и дете, заглавени на жичарата поради невреме
Четири лица, меѓу кои едно дете и еден германски државјанин, се спасени од планината Водно, откако останаа заглавени поради лошите временски услови и прекинот на електрична енергија на жичарата.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), првичната пријава околу 16 часот била за заглавени лица во гондола. Иако струјата потоа дошла и лицата стигнале до врвот на Водно, тие не можеле да се спуштат поради невремето и повторното снемување на електрична енергија.
„Веднаш по добиената пријава полициски службеници од ЕИП и ЕБР преземаа активности за пронаоѓање и спасување на лицата, по што тие безбедно, во придружба на полициските службеници се спуштаат кон Скопје“, се вели во соопштението од МВР.
Во спасувачката акција учествувале полициски службеници од Единицата за интервентна полиција (ЕИП), Единицата за брзо распоредување (ЕБР) и одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Спасени четири лица на Водно, меѓу кои…
Четири лица, меѓу кои едно дете и…
Лошото време во Скопје ја „приземји“ жичницата…
Жичницата на Водно денеска нема да биде…
10.210 сообраќајни прекршоци и 55 приведени за…
Во периодот од 1 до 16 ноември…
Возач на „бентли“ возел 143 наместо 50…
Во близина на крстосница за село Мамутчево,…
Свирепо убиство во Штип: Грабнал и убил…
СВР Штип во соработка со Одделот за…