(Видео) Спасеноски за РТС: Одлуката на Вселенската патријаршија беше исправна и посакувана
Државната Радиотелевизија на Србија посвети специјалнa емисија за најновиот развој на настаните во правосавната екумена по одлуката на Вселенската патријаршија за вклучување на Охридската архиепископија во канонскиот поредок на Црквата.
Александар Спасеновски од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје кој важи за познавач на црковните прилики имаше можност во оваа емисија поблиску да ја запознае српската јавност со значењето и со ефектите од одлуката на Неговата Светост, Патријархот Вартоломеј од 9 мај 2022 година.
-Знаејќи колку голем труд беше вложен од одредени наши духовници за остварување на оваа децениска цел, не би бил искрен доколку не кажам дека ваквото благопријатно решение од страна на Неговата светост, Вселенскиот Патријарх Вартолемеј – беше силно посакувано и очекувано, изјави Спасеновски.
Според него, одлуката на Синодот на Вселенската патријаршија за признавање на црквата за канонска претставува еден од поважните настани во македонската најнова историја, еднаков со други слични достигнувања како на пример стекнувањето на независноста на Македонија после распадот на Југославија.
Констатирајќи ја потполната легитимност на потегот на Вселенскиот Патријарх, во емисијата заклучува и дека според одлуките на Четвртиот вселенски собор, секоја држава на својата територија има право на своја помесна православна црква, но и дека Кралството Југославија одамна не постои, а се создаде и независна Република Македонија во која постои жива црква и таа има право да биде автокефална.
-Одлуката на Вселенската патријаршија за вклучување на Охридската архиепископија во канонскиот поредок на црквите не е против никого. Искрено посакувам и верувам дека Српската православна црква, во духот на братољубието ќе биде дел од решението, а не дел од проблемот – заклучува Спасеновски.
Во оваа емисија, соговорниците дискутираат и за прашања поврзани со дијаспората на црквите, како и зо нивните официјални имиња, при што се констатира дека овие прашања ќе се решаваат во духот на правосалвната еклесиологија, како и традициите на православната црква.
Емисијата може да ја погледнете.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…
„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…