Спасен заглавен турски државјанин на граничен премин со Бугаријa
Спасен е заглавен турски државјанин меѓу селото Коњарево и граничниот премин со Бугарија, информира ЦУК.
Како што соопштуваат оттаму, по добиен повик на 112 за заглавен турски државјанин во пределот меѓу селото Ново Коњарево и граничниот премин со Бугарија, регионалниот ЦУК Струмица веднаш остварил комуникација со СВР Струмица, по што граничната полиција Ново Село излегла на терен и го пронашла лицето, коешто живо и здраво безбедно е извлечено од теренот.
Истовремено, ЦУК потсетува и за внимателност при прошетките во природата, на повисоките места и планините во нашата држава, бидејќи при зимски услови, на места со снег и мраз е лизгаво, особено на осоите на почетокот и на крајот од денот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес во Бугарија
Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…
Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија
Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…
Македонија ја прегази Бугарија за финале на…
Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…
МНР: Очекуваме Бугарија да ги преземе сите…
Република Северна Македонија е силно посветена на…
(Видео) Огромен пожар од Бугарија се движи…
Огромен пожар беснее кај Струмјани во Благоевградско,…