„Спаси 20 деца и креваше врати од луѓе“ – одбраната на Захариев тврди дека воопшто не бил известен дека ќе има концерт

t

Со воведни зборови на одбраната во судницата во Идризово денеска продолжи судскиот процес за трагедијата во „Пулс“.

Бранител на Лазар Захариев

Обвинетиот во моите очи е херој, а и во очите на многу други деца присутни на настанот. Ќе судиме човек кој поради неговата храброст и самопожртвуваност, најмалку 70 лица се спасени поради натчовечките напори, ги извлекувал децата, им го проверувал пулсот, како го организирал спасувањето, како подигнал две врати со огромна тежина кои биле паднати на децата. На оваа околност ќе сведочат повеќе од 20 деца кои ќе потврдат како спасувал луѓе за време на настанот.

Спаувачките дејствија на Лазар траеле повеќе од три часа и не прекинале додека истиот не завршил на кислородна поддршка, со сериозно нарушување на психичкото и физичкото здравје. Ваквите напори и спасување на човечки животи не се ценети во обвинението. Лазар има и својство на оштетен.

Дали обвинетиот бил ангажиран како физичко обезбедување на настанот и дали воопшто постојат докази на оваа околност? Дали постои писмен договор за физичко обезбедување помеѓу агенцијата и дискотеката, какви обврски имал Лазар согласно неговиот работен однос, дали постоеле соодветни задолженија и задачи, дали постоел план за обезбедување на јавниот собир, дали постоеле контакти на обвинетиот со раководни лица во агенцијата за настанот?

Судот ќе се увери дека обезбедувањето било патролно, превентивно и како таков имало обврска само да врши патрола на десетици објекти во Кочани кои имале договор со агенцијата. Обвинетиот пристигнал во дискотеката два часа по пристигнувањето на ДНК, односно откако групата си ја наместила опремата и пиротехниката.

Обвинетиот не може да влијае каков договор сопственикот на дискотекаа ќе склучи со агенцијата за обезбедување.

Денот на трагедијата обвиентиот не носел елек со светлоодбојни ленти каков е должен да носи ако е ангажиран за обезбедување на јавен настан, напротив, воопшто не бил известен дека ќе има концерт.

Лазар не добил усни насоки за денот на трагедијата, судот ќе се увиди дека обвинетиот немал никакви овластувања или обврска да го контролира влезот, да легитимира или да контролира колку луѓе ќе влезат во објектот, ниту колку ПП апарати има, колку влезови и излези има, како и дека нема увид во договорот меѓу сопственикот на дискотеката и бендот.

Лазар Захариев: Криво ми е само што не успеав да спасам повеќе луѓе.

На обвинителна клупа седнаа 37 обвинети – 34 физички и три правни лица, меѓу кои сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедување и државни службеници. Тие се товарат за тешки дела против општата сигурност поради пропусти што директно довеле до трагедијата.

Паралелно со главниот процес, тече и посебна постапка против полициски службеници за давање лажни уверувања и дозволување на работа на дискотеката без исполнети минимално-технички и безбедносни услови. Изминатата недела Обвинителството отвори постапка и против група вработени во УЈП осомничени за мито и злоупотреби поврзани со истиот случај.

Процесот го води судечки совет чиј претседател е судијката Диана Груевска Илиевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Спаси 20 деца и креваше врати од…

Со воведни зборови на одбраната во судницата…

Одбраната на Јанчески: Ќе докажеме дека на…

Со воведни зборови на одбраната во судницата…

Во гајба со леб најден хероин во…

МВР информира дека вчера попладне во 13:35…

Одбраната на екс-градоначалникот на Кочани: Папазов не…

Со воведни зборови на одбраната во судницата…

Одбраната на екс-градоначалникот Илиев: „Нема докази, немал…

Со воведни зборови на одбраната во судницата…