Спасовски бара да биде разрешен од функцијата координатор на пратеничката група на СДСМ?!

t

Пратеникот и поранешен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, побарал разрешување од функцијата координатор на пратеничката група на СДСМ. Како што посочи, причината за неговото повлекување не се резултатите од локалните избори, туку несогласувањата со партискиот предлог за стратегијата на „црвени линии“ во спорот со Бугарија.

Спасовски бил против воведувањето на фиксни линии во чувствителниот меѓудржавен дијалог, предупредувајќи дека тоа може да ја усложни позицијата на Македонија и да ја ограничи флексибилноста во надворешната политика.

Според партиски извори, неговите забелешки не биле прифатени, по што тој ја поднел оставката од координаторската улога во Собранието. Со тоа, тој ги демантира шпекулациите дека станува збор за дел од кадровски промени по поразот на СДСМ на локалните избори.

Спасовски останува пратеник, но неговото повлекување отвори нови прашања за внатрепартиските односи и различните ставови во СДСМ околу надворешно-политичките теми. Партијата засега не соопшти кој ќе ја преземе функцијата координатор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спасовски бара да биде разрешен од функцијата…

Пратеникот и поранешен министер за внатрешни работи,…

ПорталХ- Директорот на АНБ во академските води…

Бојан Христовски, директорот на Агенцијата за национална…

Орбан вели дека Украина по војната треба…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изложи контроверзна визија…

Без струја останаа повеќе од 600.000 луѓе…

Повеќе од 600.000 луѓе останаа без електрична…

(Видео) Шведска министерка пред средбите со македонските…

Шведската министерка за Европa, Џесика Росенкранц, за…