Спасовски: Важно е институциите да преземат предвремени мерки за заштита на електронските податоци
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информира дека се преземаат мерки за хакерските напади во земјава.
-Многу е важно сите институции да преземаме предвремени мерки за заштита на електронските податоци и системи затоа што најевтино е вложување во превенцијата. Се друго е многу потешко кога ќе ни се случи. Ова е нешто што претставува еден сериозен предизвик. Покрај миграцијата, тероризмот е еден од клучните предизвици, а хакерските напади се дел од тие напади, рече Спасовски во изјава за медиумите.
Според него, сите раководители на институциите треба да имаат основен приоритет на заштита на електронските системи и спречување на ваквите напади.
-Важно е критичната инфраструктура треба да биде заштитена, истакна Спасовски.
Ова следува откако беше соопштено дека со софтверот „ransomware“ е хакиран системот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ), со што се создаде проблеми со боледувањето и породилното отсуство, а неизвесно е и кога здравствените работници ќе добијат плата. Според информациите, хакерите бараат откуп за да ги вратат „киднапираните“ податоци од системот на ФЗОМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…