Спасовски во детали соопшти како бегал Палевски – Баликесир е на 893 километри од Скопје!

t

Првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски – Палчо, е уапсен вечерва во Турција.

-По добиено известување од Турција креаторот, планерот, главниот координарот и директен извршител е фатен и лишен од слобода на нивна територија идентично со нашите оперативни сознанија на патеката на движењето, соопшти вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Љупчо Пачевски Палчо беше уапсен во Турција, откако на барање на МВР беше распишана итна меѓународна потерница од страна на Интерпол.

-Тоа е црвена потерница која во истиот момент стана активна во сите земји членки на Интерпол. Продолживме и со билатерална комуникација по нашите оперативни сознанија, истакна Спасовски.

Посочи дека потстапката за екстрадиционен притвор продолжува по процедура, по барање на Министерството за правда, а по тоа Палевски ќе биде изведен пред лицето на правдата.

Министерот детално го објасни и движењето на Палчо по напуштањето на територијата на Македонија.

-Лицето од Скопје негов адвокат со возило негово „Шкода“ е однесен во Србија, таму е оставен во еден хотел. Од таму наредниот ден го превзема друго лице од Скопје со „Ровер“ и преку ГП Градина влегува во Бугарија, има транспорт низ Бугарија и влегува во Турција. Во Турција оди во градот Баликесир. Нашите служби стапуваат во директен контакт со нивен оперативен извор кој за многу кратко време врати повратна информација дека тој се наоѓа во Баликесир и ни кажа за неговите намери, дека од тука сака да замине за Истанбул. Таму останува, се подготвува и со такси возач сака да оди во Инстанбул и тука симулира и повторно се враќа во градот. Денеска попладнево од страна на колегите од турската полиција е уапсен додека се движел пешки по еден од автопатите во Баликесир, детално ја објасни Спасовски траекторијата на движење на Палевски.

Градот Баликесир е на 893 километри од Скопје, во регионот на Мармара.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…