Спасовски: Да повредиш полицаец е кревање рака врз државата! Повикувам на разумност
„Заеднички да го сочуваме достоинството на нацијата, а притоа да се спречат немири кои би значеле нови поделби на штета на граѓаните и државата, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во пресрет на протестот најавен за вечерва, што како и во изминатите пет дена, се одржува во знак на револт против владините најави дека ќе ја прифати предложената преговарачка рамка за деблокада на македонските евроинтеграции.
Во неговиот апел до граѓаните и политичките партии кои сакаат да го искажат своето право на протест, Спасовски побара тоа да го сторат на начин преку кој ќе демонстрираат демократски капацитет, со должно почитување на законските одредби за јавни собири, како и почит кон должноста на полициските службеници во обезбедувањето на мирот и стабилноста.
– Сакам да бидете уверени дека никој нема намера да спречи право на мирен протест, тоа е она што се очекува во една демократија. Нападите кои имаат за цел да предизвикаат меѓуетнички препукувања и ескалации од друг тип, на никој начин не можат да придонесат во демократско општество, туку напротив, претставуваат сериозен удар за демократијата и со тоа нема ништо да се постигне, посочува тој.
Според него, тоа е спротивно на сѐ она за кое, како што рече „се залагаме во градењето на нашата држава“.
-Да повредиш полицаец, значи да кренеш рака врз државата, врз синот и братот кои извршуваат службени дејствија со цел гарантирање на сигурноста и безбедноста на сите. Повикувам на свесност и одговорност во протестите – нека победи разумот!, истакнува Спасовски во апелот.
Извор: Слободен печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…
Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…
По изјавата на Агелер за случајот со…
Додека МВР притвора другите ги ослободуваат –…
Докази за двете страшни убиства се записи…
Министерот за внатрешни работи во денешното „Само…
Спасовски: Отворивме сериозна битка со криминалните структури
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели…
Спасовски со пораки на Комитетот на министри…
Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во…