Спасовски: Договорот со ФРОНТЕКС е прв официјален договор потпишан на македонски јазик
Први го парафиравме текстот на договорот со ФРОНТЕКС, усогласен со ЕУ од сите држави во регионот, а не се потпиша тогаш, токму затоа што јас и Владата инсистиравме договорот да се потпише на македонски јазик. И, во тој процес настана блокада од страна на Бугарија, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Сега ги обновивме преговорите за потпишување на договорот со Фронтекс, и од аспект на тоа што е прв официјален документ или прв официјален договор не само што ќе се преведе, туку е прв официјален договор којшто ќе се потпише на македонски јазик, помеѓу ЕУ и РМ, го потенцира неговото значење. Притоа, нема да има никакви дообјаснувања и фусноти, туку едноставно ќе биде на македонски јазик, истакнува Спасовски.
Ова покажува дека тоа што говоревме при започнување на преговорите – дека македонскиот јазик е гарантиран, едноставно со овој договор ќе го потврдиме, додаде тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…
Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…
Аташето за култура и образовани на САД…