Спасовски за дојавите за бомби во Скопје: Ќе има најстроги санкции, ако е политичка пресметка не смее да се одвива врз грбот на граѓаните!

t

 Истрагата за вчерашните дојави за поставени бомби во осум скопски средни училишта е во тек, ги знаеме првите податоци за тоа од каде се испратени тие меилови и најважно е да успееме да ги откриеме сите ИП адреси од каде доаѓа овој монструозен чин, без разлика дали станува збор за хибриден напад врз Македонија или политички игри, како една од претпоставките, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Без разлика на што се однесува, никој не смее да дозволи да си игра со судбините на децата и на сите нас. Ова е сензитивна тема и сметам дека без разлика кој го нарачува сето ова треба да има на ум дека не може да се игра со системот и со граѓаните на Република Македонија, порача министерот Спасовски утрово во интервју на Националната телевизија.

Министерот посочи дека пред неколку дена се случи лажна дојава за бомба во автобус на ЈСП „Скопје“, а сега се истото се случува и во училиштата.

– Ако станува збор за некаква политичка пресметка, таа не смее да се прави врз грбот на граѓаните, потенцира Спасовски.

Министерот повтори дека зградите на училиштата беа детално проверени од Одделот за антитероризам и е утврдено дека станува збор за лажни пријави.

Спасовски потенцира дека со оглед на фактот што во најмала рака станува збор монструозен чин, во кој се злоупотребени училиштата, имајќи ја предвид вознемиреноста на децата, родителите, но и граѓаните генерално, казните за сторителите треба да бидат најстроги.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…

ДЕТАЛИ ЗА МАСОВНИОТ НАПАД НА РУСКАТА ВОЗДУХОПЛОВНА…

Украина изврши голем напад на аеродром лоциран…

Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…

Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…

Тринаесетгодишник испратил 380 лажни закани за бомби…

Француските агенции за спроведување на законот во…

По изјавата на Агелер за случајот со…

Додека МВР притвора другите ги ослободуваат –…