Спасовски: За случајот во „Ист Гејт“ имаме осомничени, се прибираат докази

t

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски запрашан за истрагата во врска со инцидентот што се случи пред три дена во трговскиот центар „Ист Гејт“, рече дека интензивно се работи и се прибираат информации во рамките на штабот формиран во Секторот за внатрешни работи Скопје при МВР.

„Веќе имаме осомничени лица коишто би можеле да бидат сторители. Се работи на утврдување на целосните докази и за тоа ќе се информира јавноста. Секако дека идејата и една од можностите при криминалистичките истраги е да преку објавување на фотографијата да се добијат што е можно повеќе докази за една таква работа и токму затоа е преземен тој чекор. Во тој правец сметам дека секоја потврдена вест, информација којашто доаѓа од институциите е вистинската информација. Така, многу шпекулации, многу пишувања по социјалните мрежи имало и ќе има – меѓутоа важно е тие информации да ги добиваме од релевантните институции. Секогаш кога ќе имаме нешто ново ќе излеземе во текот на истрагата“, истакна министерот Спасовски во изјава за тв Канал 5.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…

Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…

СДСМ: Ново пукање во Чаир, ДПМНЕ е…

ДПМНЕ е опасност по безбедноста на граѓаните,…

Убоди со нож и пукање – Обид…

Поднесена е кривична пријава од страна на…

Дали ќе имаме мир овие празници? Огромни…

Од таму апелираат, пред се до учениците…

(Видео) Пукање во универзитет во Америка, има…

Американската полиција влезе во кампусот на Универзитетот…