Спасовски за случајот со КХС: Да се стави крај на политикантството, сите што земале плата, а не оделе на работа ќе одговараат!
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше дека МВР поднело кривична пријава за насилство за случајот во кој еден работник ЈП „Комунална хигиена“ беше нападнат од колегите затоа што решил да собира смет, наместо да штрајкува со нив.
-Денеска ќе биде доставен записникот од инспекторатите да ги видиме нивните наоди и во коориднација сме со Обвинителството и доколку се утврдат елементи за кривично дела, за дел од оние кои придонесоа можно е да бидат поднесени кривичини пријави. Секоја кривична мора сериозно да биде обработена и да се преземат мерки кои се предвидени. Тука не станува збор за ништо друго освен за тоа како што предвидува законот – рече Спасовски.
Во однос на недоследностите во работењето на КХС, министерот смета дека треба да се стави крај на политиканството во претпријатието.
Ако имало недоследности, ако имало давање плати на тие што не доаѓале на рабата, ќе одговараат, нема да има отстапки. Треба да се стави крај на политиканството – додаде тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…
Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…
По изјавата на Агелер за случајот со…
Додека МВР притвора другите ги ослободуваат –…
Докази за двете страшни убиства се записи…
Министерот за внатрешни работи во денешното „Само…
Спасовски: Отворивме сериозна битка со криминалните структури
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели…
Спасовски со пораки на Комитетот на министри…
Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во…