Спасовски: Иако внесувањето на Бугарите во Уставот е трн во око за многумина тоа е шанса да ставиме крај на тезата дека сме еден народ

t

17 години чекаме почеток на пристапните преговори со ЕУ. Просперитетот на граѓаните зависи од исполнувањето на обврските на државата, кои вклучуваат уставни измени, бидејќи ова е чекор за иднината на државата. Лицемерно е само декларативно да се каже дека сакаме влез во ЕУ, без да сносиме политичка одговорност, вели во интервју за „Политика“ Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи на Република Македонија.

Сметам дека во овој период мора да вложиме максимални напори преку парламентарен дијалог да постигнеме консензус за промена на Уставот. Опозицијата мора да се аклиматизира на европската клима и да се прилагоди на европските услови, да се ангажира и самокритички да ги преиспита своите постапки. Не е разбирлива политичката нефлексибилност со која се турка некаков архаичен модел, а пред се опозицијата покажува неодлучност и немање визија. Иако вметнувањето на Бугарите во Уставот на РМ е трн во око, тоа го гледам како дополнителна вредност за нас – конечно да ја закопаме долгогодишната теза дека сме еден народ со нив.

Се што правиме како владејачка коалиција е придонес за европската перспектива на нашата земја. Драго ми е што стратешките партнери го препознаа тоа. Пред нас се економските и судските закони, спроведувањето на системските реформи, антикорупциската политика и зајакнувањето на владеењето на правото. Никој веќе не е заштитен од санкции, па ни функционерите на актуелната власт. Во 2021 година откриени се 50 отсто повеќе кривични дела поврзани со корупција и спречени коруптивни дејствија вредни околу 149 милиони денари, додека во 2022 година откриени се 124 коруптивни дела за кои кривично се обвинети 164 сторители. Ова е доказ дека не само институциите ја помагаат борбата против корупцијата, туку и јавната свест на граѓаните, кои имаат поголема доверба во полицијата, вели Спасовски за Политика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…

Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…

Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…

Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…

(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…

Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…

Државата денеска се задолжува со уште 89…

За денеска се закажани две аукции на…

Меџити пред првиот меѓувладин состанок со Владата на…

Два дена пред меѓувладината средба помеѓу Македонија…