Спасовски: Инцидентот кај Мавровка е целосно расчистен!

t

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски апелираше и до граѓаните и до политичките субјекти на мирни и демократски протести. Стабилноста, безбедноста, мирот, нагласи тој, немаат цена.

Во летното издание на „Click21″ на ТВ21, Спасовски порача дека политичките лидери и политичките субјекти мора да бидат на висина на својата задача, да ја знаат сопствената одговорност.

– Крената рака на полицаец е крената рака на држава. Полициските службеници се тука да ги заштитат редот, мирот и безбедноста. Апелирам до граѓаните и политичките субјекти на мирни демократски протести, само тоа ќе даде позитивно светло за свеста на државата на највисоко ниво, вели министерот за внатрешни работи.

Што се однесува активности што се за организацијата на протестите, истакна Спасовски, МВР и службите се будни во овој дел, ги имаме идентификувано сите лица кои се организатори, мирни учесници во овој дел и се преземаат сите мерки граѓаните да бидат спокојни и сигурни.

– Потпалувањето на состојбите во државата не носат на добро, вие се сеќавате 2017 година, неколку денови за ред, месец дена можеби, имавме јавно собири, повикување пред Собранието, инструирање на луѓето, на говор на омраза и на крајот ни се случи 27 април – упад во Собрание, рече Спасовски и порача дека настаните од 27 април треба да бидат поука.

Тој додаде дека ако гледаме по методологијата на активности, 27 април и ова што се случува сега е идентично.

Според проценките на секое од местата каде имало ризик имало доволно полициски службеници за да го зачуваат јавиот ред, мирот и безбедноста.

За инцидентот кај Мавровка, Спасовски информира дека настанот е целосно расчистен. Приведено е лицето кое пукаше со пиштол и одреден му е притвор од осум дена, а уште три лица се приведени, кај кои и уште едно лице од нив имало пиштол, но не го употребило, и други две кои презеле одредени активности за нарушување на јавниот ред и мир. Повредени се и двајца полицајци во тој настан.

Прашан колку е загрозен живтот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Спасовски наведе дека согласно направената безбедносна проценка неколку месеци претходно од страна на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), животот на лидерот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ ниту бил загрозен, ниту пак настанот кај Мавровка бил насочен кон него. Тоа е добро во однос на одредени политички поени, но, истакна министерот Спасовски, политички поени на грбот на граѓаните и на безбедноста не е добро.

На новинарското прашање колку сме безбедни и како МВР и нашите служби се будни во овој дел, Спасовски дециден дека имаме безбедна и стабилна држава без индиции за поголеми нарушувања на безбедноста.

– Нашата геостратешка положба како држава ни дава многу бенефити во однос на нашите конекции што ги имаме со остатокот на светот. Но, тоа предизвикува и многу состојби на можност на нарушување на безбедноста, многу предизвици има пред нас. Ако зборуваме за миграцијата, тука поминуваат главните патишта за мигрантите, се испреплетуваат многу коридори и се испреплетуваат и многу интереси. Затоа предизвикот е многу голем, изјави министерот Спасовски.

Прашан дали има бројка, откако претседателот на државата Стево Пендаровски кажа оти има дузина на лица инволвирани од странство кои се присутни во Македонија, министерот Спасовски одговори дека имаат бројка.

– Веројатно не верувате дкеа јас денеска ќе излезам тука и со сите информации и податоци, на телевизија ќе ги споделам. И службите и МВР ги преземаат сите мерки што се потребни да се зачуваат мирот и безбедноста. И тоа е најважно за граѓаните, а сето друго го знаат тие кои треба да го знаат и тие ќе ги реализираат сите активности, што треб да се преземат, порача министерот Спасовски.

Во делот на хибридните закани, Спасовски потенцира дека тие закани се начин на делување на оние кои не посакуваат Република Македонија да ги остварува своите стратешки интереси и да се движи по патот што значи просперитет и наша интеграција.

– Сме задолжени сите заедно да одгоовирме на хибридните закани. Една од хибридните закани е ширењето и пласирањето на лажни вести и тоа е клучагфта работа на која ние треба да одговориме. Ширењето на лажните вести е една од најголемите хибридни закани, рече меѓу другото министерот за внатрешни работи Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…

Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…

СДСМ: Ново пукање во Чаир, ДПМНЕ е…

ДПМНЕ е опасност по безбедноста на граѓаните,…

Убоди со нож и пукање – Обид…

Поднесена е кривична пријава од страна на…

По изјавата на Агелер за случајот со…

Додека МВР притвора другите ги ослободуваат –…

Докази за двете страшни убиства се записи…

Министерот за внатрешни работи во денешното „Само…