Спасовски и денес повика на мирен протест: Полицијата ќе ги заштитува исклучиво виталните државни објекти
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска преку „Фејсбук” апелира на одговорно однесување и на мирен и достоинствен протест.
– Почитувани граѓани, доколку сакате да го изразите своето демократско право на јавен собир (протест) апелирам истото да го сторите на достоинствен и мирен протест. Притоа, полициските службеници ќе бидат на должност исклучиво за обезбедување на граѓаните и на виталните државни објекти, а со цел избегнување на немили настани. Уште еднаш, повикувам на одговорно однесување во клучен момент за демократијата. Без обиди за насилство, без креирање тензии и без говор на омраза напиша Спасовски на неговиот фејсбук профил.
Очекувам, напиша Спасовски, редот и поредокот да бидат максимално испочитувани, во духот на европските вредности кои сакаме да ги интегрираме во нашето општество и кои претставуваат двигател за напредок за сите граѓани.
– Бидете уверени, ова раководоство на Министерството за внатрешни работи и македонската полиција остануваат посветени на гарантирањето на демократските процеси и на одржувањето на редот, мирот и стабилноста, напиша министерот Спасовски на „Фејсбук”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…
Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…
По изјавата на Агелер за случајот со…
Додека МВР притвора другите ги ослободуваат –…
Докази за двете страшни убиства се записи…
Министерот за внатрешни работи во денешното „Само…
Спасовски: Отворивме сериозна битка со криминалните структури
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели…
Спасовски со пораки на Комитетот на министри…
Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во…