Спасовски: Наскоро ќе има хеликоптер за итен транспорт на болни лица
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски најави дека наскоро ќе има итен транспорт на болни лица со хеликоптер на полицијата.
Веста ја објави на неговиот профил на Фејсбук.
„Од здравствен аспект преносот на болни лица со хеликоптер, лица на коишто им е потребен итен транспорт, досега сме немале можност, сега работиме на тоа. Jас очекувам за многу скоро, неколку месеци, и тој сегмент да го ставиме во функција. Во делот на човечките ресурси, aко до пред неколку години зборувавме за сериозен недостаток на човечки ресурси и ако зборувавме дека еден дел од работите на техничкиот персонал ги извршувавме преку Армијата, денеска сме во полн капацитет, со јасна визија за тоа дека потребите може да ги надоградиме и денеска работиме за другите институции“, вели Спасовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…