Спасовски: Очекувам брза екстрадиција на Палевски
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5, одговарајќи на прашањето какви се шансите Турција да не го испорача Палевски, потенцираше дека Турција е наша пријателска и братска земја која ја поддржува Македонија од првиот ден од осамостојувањето.
„Нашите два народа се мост на соработка меѓу двете држави. Апсолутно сум убеден дека кога станува збор за спроведување на правда, посебно кога станува збор за вакви грозоморни убиства, мислам дека нема воопшто место да размислуваме за таа постапка. Министерот за правда заедно со неговиот тим ги направија сите потребни работи во однос на подготовката на целата документација, преводи кои што се официјални и кои што веќе се доставени во Турција. Информациите се потврдени од страна на турските власти дека се примени сите тие документации во однос на екстрадицијата и јас очекувам дека тој процес ќе тече најбрзо и дека ќе се заврши екстрадицијата на осомничениот“, рече Спасовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…
Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…
Аташето за култура и образовани на САД…