Спасовски: Право на протест имате, ама протестите мора да се мирни и демократски!

t

Граѓаните имаат право на протест и тоа право никој не може да го суспендира. Меѓутоа протестите мора да бидат мирни и демократски, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски преку неговиот официјален фејсбук-профил.

– Апелирам до политичките субјекти, организаторите на протестите и до граѓаните да покажат демократски капацитет, да ги сочуваме, редот, мирот и безбедноста. Насилството кон оние кои го оддржуваат редот – врз македонската полиција, врз институциите нема да придонесе кон ништо, рече Спасовски.

Тој додаде дека има најави за радикализација на протестите од одредени политички субјекти, во смисла на напади врз полициски службеници и витални објекти на институции.

Вчера, рече Спасовски, имавме обид за ескалација, имаме четворица повредени полициски службеници, а самото тоа покажува дека преку насилство не може да се постигне ништо, туку треба да се разговара во институциите на системот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…

Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…

По изјавата на Агелер за случајот со…

Додека МВР притвора другите ги ослободуваат –…

Докази за двете страшни убиства се записи…

Министерот за внатрешни работи во денешното „Само…

Спасовски: Отворивме сериозна битка со криминалните структури

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели…

Спасовски со пораки на Комитетот на министри…

Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во…