Спасовски: Предлогот не е идеален, ама најважно е дека не се разговара за јазикот
„Прво, ова е рамка која е усвоена на Европскиот совет, и ние сега зборуваме за една рамка која што е на Европската Унија. Да, била во времето на претседателството на Европскиот совет на Франција итн. меѓутоа ова е рамка за која што се говори“, вели Спасовски.
Ако ме прашате дали е идеален предлогот, Спасовски вели дека не е идеален.
„Дали може да биде подобар? Веројатно дека може да се разговара во делот на подобрувањето. Меѓутоа, дали имаме компромис во однос на одредени состојби и дали тоа се барало да се постигне, секако дека се постигнува. Најважно што е, никој апсолутно не смее и не може да преговара ниту за идентитетот ниту за македонскиот јазик во оваа држава. Ниту сегашна, ниту било која идна власт и тоа треба да ни биде јасно на сите. И ние апсолутно идентитетот, јазикот, културата, посебноста на македонскиот народ е нешто што мора да се заштити по секоја цена.
И нема разговори со никого, па нека биде тоа и Европската Унија, во делот на нашиот јазик и нашиот идентитет. Тоа е нешто што не се преговара и не може да се преговара никогаш понатаму. Другите прашања, треба да бидат решени во насока да се обезбеди ова првото. Македонскиот идентитет, македонскиот јазик, посебноста, нашата култура итн. и на крајот од краиштата ние сме тие кои што си го чуваме и нашиот идентитет и нашиот јазик и никој не може да ни го одземе, и никој не може да ни направи нешто што ќе допринесе кон губење кон нашата посебност. Така да секој еден од нас допринесува да го чува македонскиот јазик и македонскиот идентитет и на тоа сме горди, и на тоа ќе бидеме горди и во наредниот период“, изјави Спасовски во интервју за ТВ21.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…
Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…
По изјавата на Агелер за случајот со…
Додека МВР притвора другите ги ослободуваат –…
Докази за двете страшни убиства се записи…
Министерот за внатрешни работи во денешното „Само…
Спасовски: Отворивме сериозна битка со криминалните структури
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели…
Спасовски со пораки на Комитетот на министри…
Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во…