Спасовски пристигна во Ерусалим и објави фотографии: Црквата на Светиот гроб исполнета со илјадници православни верници!

t

Македонската делегација предводена од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, пристигна во Ерусалим, а Спасовски објави фотографии од атмосферата таму.

-Илјадници лета низ историјата, Светиот Оган секоја година, во пресрет на православниот Велигден, се пали во Кувуклијата, параклисот над Светиот гроб, во ерусалимскиот храм на Воскресението Христово.

Постои верување дека Светиот Оган за првпат се појавил на 5 април во 33 г.н.е, точно во времето на Воскресението Христово.

Денеска Црквата на Светиот гроб во Ерусалим е исполнета со илјадници православни верници, кои Благодатниот Оган го преземаат од рацете на ерусалимскиот патријарх и го пренесуваат дома.

Годинава имам посебна чест да предводам државна и црковна делегација на Република Македонија, на чинот на преземање на Благодатниот Оган, и по милоста Божја, со радост да ја исполнам доверената задача – да го донесам во нашата татковина, за верниот македонски народ да биде озарен од зраците на Светата Светлина, со најголемата тајна на Воскресението – победата над смртта! – напиша Спасовски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…