Спасовски: Работна група проценува што од архивите на УДБА и на КОС може да биде отворено

t

Формирана е работна група од претставници на сите надлежни институции која проценува што од архивите на УДБА и на КОС може да биде отворено, а нема да им штети на македонските национални интереси, кажа за „Утрински печат“ министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. На новинарското прашање дали и кога Владата ќе ја спроведе европската препорака за отворање архиви од тајните служби на поранешниот режим како дел на борбата со криминалот и корупцијата, тој објасни оти станува збор за мошне чувствителна работа.

– Трагедијата на овој регион е што сите заедно премногу се занимаваме со историја… Ако имавме поголема храброст, во 90-тите да ги затвориме одредени прашања, немаше сега Бугарија да не уценува. Историските моменти мора да им се остават на историчарите. Но кога ќе дојдат вакви изборни циклуси многу е важно за политичарите да ги отворат овие емотивни теми.
Што се однесува до прашањето за отворањето на архивите, па ние имаме отворени архиви. Се што се наоѓа во Историскиот архив е отворено за граѓаните. Формирана е и работна група од претставниците на надлежни институции, тие работат на проценка и ќе се отвори се што не е на штета за македонски националени интереси – изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…

Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…

(Во живо) Пипците на УДБА во ВМРО-ДПМНЕ…

Следете ја во живо денешната епизода на…

По изјавата на Агелер за случајот со…

Додека МВР притвора другите ги ослободуваат –…

Докази за двете страшни убиства се записи…

Министерот за внатрешни работи во денешното „Само…

Спасовски: Отворивме сериозна битка со криминалните структури

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели…