Спасовски: Резултатот од 126 илјади претставува дно
Резултатот од локалните избори е лош. Мислам дека резултатот од 126 илјади претставува дно и јас би сакал да е тоа дното на кое сите ние ќе застанеме. Ова е коментарот на пратеникот од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) и поранешен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски во однос на резултатот што партијата од која доаѓа го имаше на изборите.
Спасовски вели дека како одговорен човек тоа го загрижува, но и мотивира за тоа да се види што треба да се прави за понатаму.
СДСМ, вели тој, претставува една вистинска идеја што има длабоки корени и традиција во македонското општество и секако дека таа идеја мора да опстои.
Резултатот покажа една друга димензија во која генерално граѓаните на Македонија покажаа негативен став кон партиите и тоа треба серизоно да се разгледа“, рече Спасовски во интервју на телевизија Алсат.
Околу тоа дека СДСМ изгуби многу од општините во кои досега беше власт, вклучувајќи ја и Струмица, Спасовски рече дека е лошо да се коментира која партија колку изгубила.
Факт е дека ние изгубивме 20 и повеќе илјади гласа од претходните парламентарни избори. Факт е дека бројот на градоначалници е сведен на шест. Факт е и тоа дека 60 проценти од граѓаните во Македонија одлучија да не излезат воопшто да гласаат. Тоа покажува разочарување од политичките партии“, рече тој.
Според Спасовски, СДСМ треба да направи анализа и да види кој е најголемиот проблем.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…
Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…
По изјавата на Агелер за случајот со…
Додека МВР притвора другите ги ослободуваат –…
Докази за двете страшни убиства се записи…
Министерот за внатрешни работи во денешното „Само…
Спасовски: Отворивме сериозна битка со криминалните структури
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели…
Спасовски со пораки на Комитетот на министри…
Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во…