Спасовски: Секој што негира, грубо минимизра, одобрува или оправдува геноцид или воени злосторства се казнува со затвор до 5 години

t

Постои законска можност, според Кривичниот законик, секој што негира, грубо минимизра, одобрува или оправдува геноцид, злосторства против човештвото или воени злосторства се казнува со затвор од една до пет години, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски синоќешното гостување во емисијата Клик плус на ТВ 21.

Спасовски додаде дека доколку делото поттикнува омраза, дискриминација или насилство против одредена група, тогаш за сторителот е предвидена и казна затвор од најмалку четири години.

– Соопштението на МВР и Јавното обвинителство беше за конфликтот во Украина, но не мора да значи дека е само за овој конфликт, законот е за сите. Мора да се крева јавната свест и воените злосторства не може да бидат оправдувани, рече Спасовски.

Тој истакна дека тука не станува збор за цензура, бидејќи нема забрана за пишување, но ги повика граѓаните да внимаваат и да реагираат против ваквите негирања на воени злосторства против цивили и говор на омраза, бидејќи тоа може да предизвика посериозни последици во општеството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…

Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…

Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…

Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…

„Вината за Кочани е во врвот на…

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…

Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…

Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…