(Видео) Спасовски со повик: Девојки, мајки, сопруги – ЕБР препознава само професионална припадност
Кога ќе одиме дома сме мајки и сопруги, кога ќе одиме на работа сме тоа што сме. Ги рушиме стереотипите дека е типично машка професија. Без разлика на полот, САЕ Тигар и ЕБР се синоним за професионалност, за максимална храброст и подготвена да се спротивстави на каков и да е предизвик, без разлика на пол, со кој е доведена во прашање безбедноста на земјата и граѓаните.
Ова го објави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.
Девојки, мајки, сопруги и професионалки има и во Единицата за брзо распоредување – мотото Секогаш и Секаде важи за сите подеднакво! Формирана во 2001 година, ЕБР не препознава родова, туку само професионална припадност, напиша Спасовски.
Денеска, објави министерот за внатрешни работи, специјалните единици се синоним за обученост според највисоки стандарди кои ги налага борбата против тероризмот и криминалот.
Специјалната антитерористичка единица Тигар е формирана во рамки на МВР во 1981 година. Пред 15 години ја доби првата припадничка. Условите за престој и работа на припадничките, пишува на фејсбук Спасовски, се прилагодени на нивните потреби и досега немало случаи на дискриминација.
https://www.facebook.com/watch/?ref=external&v=737428537799967
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…
МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…
Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…
Просторот околу Собранието прогласен за безбедносна зона…
Собранието на предлог на Владата, усвои нов…