Спасовски: Сѐ уште нема докази за некој да биде осомничен за пукањата на јавни места
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во денешното интервју за РСЕ рече дека полицијата сѐ уште нема докази за некој да биде осомничен за пукањата на јавни места во изминатите години, меѓу кои имаше и мафијашки убиства.
Убиства имаше на Рузвелтова, во Бутел, Чаир и Скопската чаршија, а се пукаше и во објекти како „Александар Палас“ и „Ист Гејт Мол“.
– Точно е тоа што го изнесувате како факт и тие се случаите, во кои што немаме до крај обезбедени докази за извршувањето на кривичните дела, меѓутоа тоа се само пет од 128 случаи. Перцепцијата мораме да ја градиме на факти и аргументи. Градењето на лкриминални структури трае 30 години и во тие 30 години имало вакви убиства, а градењето на тие структури секогаш било потпомогнато од институциите, рече Спасовски.
За пукањето во Раде Трајковски – Штекли, Спасовски рече дека истрагата е во напредна фаза. Превземени биле, како што рече, низа мерки и обезбедени се повеќе докази.
– Овој случај се води со меѓунардно-правна помош, а таа помош ќе ни помогне во обезбедувањето на одредени докази, изјави Спасовски.
За тоа што мафијашките банди се препукуваат преку социјалните мрежи пред самата полиција, министерот рече дека тоа е нов начин на живот на кој МВР не може да влијае.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…
Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…
СДСМ: Ново пукање во Чаир, ДПМНЕ е…
ДПМНЕ е опасност по безбедноста на граѓаните,…
Убоди со нож и пукање – Обид…
Поднесена е кривична пријава од страна на…
По изјавата на Агелер за случајот со…
Додека МВР притвора другите ги ослободуваат –…
Докази за двете страшни убиства се записи…
Министерот за внатрешни работи во денешното „Само…