Спасовски: Управувањето со миграциите не значи управување со бројки, туку работа со луѓе

t

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во објава на Фејсбук, говорејќи за прашањето на управување со миграциите, посочува дека Преспа форумот за дијалог ќе биде добра можност за споделување на мислења на оваа тема која има влијание врз сите земји во светот.

-Управувањето со миграциите не значи управување со бројки, туку работа со луѓе. Од друга страна пак, една од главните форми на управување со миграциите значи и почитување на нашите закони, бидејќи сите нелегални обиди за влегување во земјата мора и ќе бидат процесирани согласно сите правила и регулативи, со правни процедури кои се правични за сите засегнати страни, вели Спасовски.

Во објавата, Спасовски нагласува дека државата сериозно го сфаќа прашањето на управување со миграците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…

Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…

Блумберг: ТРАМП ВРШИ ПРИТИСОК БРЗ БАЛКАНСКИТЕ ЗЕМЈИ…

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп врши притисок…

Human Rights Watch со апел до ЕУ…

Human Rights Watch Однесувањето на Босна и…

Судот одлучи дека Германија не смее да…

И покрај пресудата во корист на мигрантите…