Спасовски: Хибридното војување оди дотаму да предизвика уривање на институциите

t

Дојавите за бомби се дел од хибридни напади што не се случуваат само кај нас, туку и во регионот и пошироко, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој вели дека обидите за тероризам и хибридно војување одат дотаму да предизвикаат страв, несигурност, паника, уривање на институции, подривање на државата, политичката власт, но и да ги троши институциите.

Се тоа е нешто што се бара како можна цел зад овие, како што рече хибридни напади. Спасовски, во интервју за ТВ Клан, исто така, посочува дека зад овие напади стои и желба за внимание во јавноста.

Ќе потсетам на неколку аспекти од овој дел, како на пример мигрантската криза. Токму поради геостратешката положба тука се вкрстуваат патиштата и луѓето поминуваат по таканаречената западно-балканска рута и тоа претставуваше своевиден безбедносен проблем. Зошто е тоа така, бидејќи тука се испреплетуваа геостратешките интереси, значи дека многу фактори имаат навистина сериозен проблем со напредокот на државата со пристапот во НАТО, членството во ЕУ. Сето тоа спаѓа во можни причини зошто ова се прави на државата, заклучи Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…

Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…

По изјавата на Агелер за случајот со…

Додека МВР притвора другите ги ослободуваат –…

Докази за двете страшни убиства се записи…

Министерот за внатрешни работи во денешното „Само…

Спасовски: Отворивме сериозна битка со криминалните структури

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели…

Спасовски со пораки на Комитетот на министри…

Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во…