Спектакл во најава: Чкембари и Комити на ,,мегдан” во Битола!
Утре се игра големото дерби на Македонија, најголемото фудбалско дерби помеѓу лутите ривали Пелистер и Вардар. Утрешниот натпревар е повеќе од натпревар, бидејќи кога и да играат овие две фудбалски екипи нивните навивачки групи приредуваат незаборавен декор на трибните, навивачки амбитен и спектакл.
И двете навивачки групи веќе неколку денови се мобилизираат за овој утрешен дуел. Комитите од Скопје добија дозвола за влез на стадион, па најавуваат бројка од над 300 навивачи за уште подобар амбиент во Битола. И Чкембарите се во свој елемент, веќе неколку денови низ Битола се вееа транспаренти со порака ,,Сите на стадион”.
Нека утре во Битола победи фудбалот и навивачката песна од двете страни.
Инаку, утрешниот дуел започнува со почеток од 13.00 часот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…
Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…
Левица по третпат бара Надзорна расправа за…
Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…
Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…
Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…
Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување…
Цените на горивата од вечерва на полноќ…
Арсовска за денес најави објавување докази за…
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска најавува продолжување…