Специјалниот суд ја суспендира албанската вицепремиерка Балуку од должност и ѝ забрани напуштање на земјата

t

Специјалниот суд против корупција и организиран криминал (ЃККО), денеска ѝ изрече две безбедносни мерки на вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку: „суспензија од вршење на должност и функцијата“ и „забрана за напуштање на земјата“ како дел од истрагите за прекршување на еднаквоста на тендерите.

-Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК) на 31 октомври поднело обвинение против Балуку, за кривично дело „Повреда на рамноправноста на учесниците во јавни тендери или аукции“. Обвиненијата се однесуваат на дејствијата на министерката Балуку во врска со постапката за набавки за „Изградба на тунелот Љогара“, дел од патната делница Орикум-Химара, на автопатот Валона-Саранда, објавија медиумите.

Според СПАК, предметниот тендер бил одржан на 11 декември 2020 година, додека по неговото откажување, постапката била повторно отворена на 22 јуни 2021 година, со лимитиран фонд од 18.967.810.952 леки (околу 190 милиони евра) без ДДВ.

По обвиненијата на опозицијата на вчерашната пленарна седница на албанскиот Парламент, Балуку изјави дека е „отворена за истрага и дека нема да има никаква реакција додека не се разгледа случајот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Специјалниот суд ја суспендира албанската вицепремиерка Балуку…

Специјалниот суд против корупција и организиран криминал…

Мицкоски: Во моментов не размислуваме за влез…

Крилото на Зијадин Села од Алијанса за…

Москва: Не постојат преговори со Вашингтон за…

Секој мировен план за Украина ќе мора…

Дамаск остро ја осудува посетата на Нетанјаху…

Посетата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на…

Рускиот шпионски брод „Јантар“ со ласери ги…

Руската шпионска бродица „Јантар“, позната по надзор…