Спијте мирно, ќе нема светска војна: Моравјецки се откажа од активација на членот 4 од повелбата на НАТО!

t

Полска се откажа од плановите за спроведување на член 4 од Повелбата на НАТО за итни консултации, изјави полскиот премиер Матеуш Моравјецки за ТВП, во врска со ракетниот напад што се случи синоќа на полска територија.

„Текот на настаните и информациите што ги добивме во текот на ноќта не наведоа да заклучиме дека ова не е намерен напад врз Полска. Според нашите информации, немало план за напад на полска територија. Според нашите моментални информации. Затоа не го активиравме членот 4, туку го задржавме во резерва“, објасни Моравјецки.

Членот 4 од Повелбата на НАТО го означува почетокот на формална консултација со загрозена членка за ризикот со кој се соочува. Во него се наведува дека членките на НАТО „ќе се консултираат заедно“, но тоа не мора да ја води Алијансата да влезе во конфликт. Секоја земја може да се повика на член 4, а на сајтот на НАТО пишува дека сите одлуки се носат со консензус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…

Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…

Околу 150 луѓе од „непријателски земји“ се…

Околу 150 луѓе емигрираат во Руската Федерација…

Русија и Украина повторно разменија заробеници

Нова група руски војници е вратена од…

Русија: САД да не се мешаат во…

Русија ги предупредува САД да не се…