Според Крмов, Гаши ќе биде полош спикер од Џафери: Не се појавуваше на седници, четири години нема земено збор!

t

Во денешниот собраниски говор, пратеникот Борислав Крмов даде осврт на работата на Африм Гаши каде потенцираше дека за претходните четири години пратенички мандат, кандидатот за претседател на Собранието нема земено ниту збор.

– Човекот не се појавуваше на седници. Можам на една рака да избројам колку пати го имам видено на седници да дојде. Нема човекот искуство како координатор, нема искуство како Претседател на комисија. Човекот четири години нема земено збор – истакна Крмов.

Според Крмов, со ваквиот избор, ДПМНЕ ги надминува и привилегиите кои ги има албанската етничка заедница со капитулантскиот Рамковен договор и констатираше дека од коалицијата ,,Вреди”, единствено, ги интересира престижот што го носи функцијата и етничкиот признак.

– Сигурен сум не знае во што се впушта! Има да направи хаос. Не е свесен колку таа функција е одговорна и колку има таму работа. Го интересираат престижот на функцијата (функцијата не е само пиење виски и пушење пури) и етничкиот предзнак. Од ,,Вреди” јасно кажаа дека барале тоа да им припадне на Албанците и тука нема ништо политичко – додаде Крмов.

Со изгласувањето на Африм Гаши, ДПМНЕ на етничките партии им дава привилегија која ја нема ниту во Рамковниот договор, ниту во законите. 

Потсетуваме дека Африм Гаши претходно бараше заедница на албански општини во Македонија, а од коалицијата ,,Вреди” имаат изјавено дека Македонија треба да постане третата албанска држава! – нагласи Крмов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Крмов на протест со пензионерите –…

Денес пред Собранието на Република Македонија повторно…

(Фото) Пратениците на Левица остварија официјална средба…

Денес, 18 октомври 2023 година (среда), претседателот…