Според Рубио, дoговорот за минералите е на маса: Тоа е секако она што Трамп сака да го склучи
САД сè уште работат на договор за минерали со Украина по неуспешното потпишување во Белата куќа, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио.
Договорот за минерали е на маса. Сè уште се работи на тоа… Тоа е секако договор што американскиот претседател сака да го склучи, но тоа не мора да се случи утре. Има уште многу детали кои треба да се разработат, им рече Рубио на новинарите на пат кон Саудиска Арабија.
Тој нагласи дека потпишувањето на овој договор е важна тема за САД, но не е главна тема на агендата на претстојните преговори со украинската делегација.
Рубио исто така додаде дека Володимир Зеленски не е дел од украинската делегација на претстојните состаноци со американски претставници во Саудиска Арабија и нема да учествува на нив.
– Тој овде се среќава со престолонаследникот, но мислам дека нема да биде дел од нашите средби. Нашите средби се со делегацијата што ја испратија: нивниот советник за национална безбедност, нивниот министер за одбрана и нивниот министер за надворешни работи – прецизираше американскиот државен секретар.
Тој, сепак, не ја исклучи можноста за неформален разговор со Зеленски во Саудиска Арабија.
Според него, конечното решение на конфликтот во Украина мора да се спроведе со учество на Европејците поради санкциите што ги воведоа кон Русија.
Коментирајќи ја можноста Вашингтон да го заостри режимот на санкции кон Москва, американскиот дипломат рече дека САД имаат на располагање инструменти за притисок врз Русија.
– Но, се надеваме дека нема да дојде до тоа – заклучи Рубио.
САД ја суспендираа испораката на сите видови воена помош за Украина. Како што е наведено во Пентагон, оваа наредба стапи на сила на 4 март. Според „Фокс њуз“, наредбата ќе биде на сила се додека американскиот претседател Доналд Трамп не одлучи дека Киев покажува посветеност на мировните преговори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес ја погоди Албанија
Силен земјотрес ја погоди Албанија вечерва, јави…
Светот може да здивне: Иран официјално објави…
Денес, во порака до нацијата, претседателот на…
Томовски: Претходната влада трошеше недомаќински
Директорот на Службата за општи и заеднички…
Нетанјаху: Остваривме историска победа, му благодарам на…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата…
Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…