Објавено на:

Спречена е трагедија, заканата за концертите на Тејлор Свифт беше многу сериозна, вели австрискиот канцелар!

t

Заканата од терористички напади на концертите на американската поп-ѕвезда, Тејлор Свифт, во Виена била многу сериозна, но благодарение на соработката на австриските и странските служби била препознаена во рана фаза и спречена е можна трагедија, објави австрискиот канцелар Карл Нехамер.

Трите концерти на Тејлор Свифт закажани за четврток, петок и сабота во Виена се откажани поради планиран терористички напад на стадионот Ернст Хапел.

Нехамер призна дека откажувањето на концертите на популарната пејачка било разочарување за нејзините обожаватели, но нагласи дека властите немале избор. Истрагите за планираните напади сè уште се во тек.

Во Австрија се уапсени двајца екстремисти, а едениот од нив е 19-годишно момче со потекло од Македонија.

Според медиумите, полицијата трага по уште неколку лица кои се поврзани со планирањето напади на концертите на Тејлор Свифт, но засега нема потврда за оваа информација, пренесува германската новинска агенција „ДПА“.

Франц Руф, главен директор за јавна безбедност во Министерството за внатрешни работи на Австрија, рече дека кај 19-годишникот биле пронајдени хемиски состојки. Австриските весници пишуваат дека имал намера да прави бомби со нив.

Тој се радикализирал на Интернет и, наводно, се заколнал на верност на раководството на терористичката организација Исламска држава пред неколку недели, рече Руф.

Раф додаде дека полицијата утврдила дека 19-годишникот го свртел вниманието кон концертите на Тејлор Свифт.

Бил уапсен во средата наутро во градот Терниц, 75 километри југозападно од Виена.

Уште едно лице е уапсено попладнето во Виена.

Полицијата не соопштува дополнителни детали, вклучувајќи ја и врската меѓу двајцата. Не е соопштен ниту нивниот идентитет.

Се очекуваше околу 195.000 луѓе да присуствуваат на трите концерти на распродадениот стадион Ернст Хапел и уште околу 20.000 фанови да ги слушаат концертите надвор од стадионот.

Парите за влезниците ќе им бидат вратени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спречена е трагедија, заканата за концертите на…

Заканата од терористички напади на концертите на…

(0:1) Австрија си даде автогол, Франција ги…

Репрезентацијата на Франција потешко од очекуваното ја оправда фаворитската…

(Видео) Невреме во Австрија: Се излеа река,…

Штаерска ја зафати силно невреме пропратено со…

Рано утрово Душко ја фатил за коси…

Рано утринава околу 5 часот српската пејачка…

(Видео) Поплави во Германија, расте водостојот на…

Откако поплавите погодија делови од Германија, поплавите…