Спречен заговор за убиство на Орбан
Во Унгарија е уапсен маж под сомнение дека планирал атентат врз премиерот Виктор Орбан, соопшти денеска Националното истражно биро на земјата.
Осомничениот се регистрирал на веб-страница хостирана на странски сервер со намера да ангажира платен убиец во замена за парична награда. Во порака објавена во јули 2025 година, тој понудил плаќање во унгарски форинти или друга валута за она што го нарекол „најдобриот платен убиец“ кој би бил подготвен да го убие премиерот Орбан.
Мажот бил идентификуван и уапсен благодарение на соработката со Унгарската служба за борба против тероризмот (TEK), а откако бил приведен, го признал делото, се вели во официјално соопштение.
Надлежните институции ја продолжуваат истрагата, а безбедносните мерки околу премиерот се дополнително зајакнати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Спречен заговор за убиство на Орбан
Во Унгарија е уапсен маж под сомнение…
Сиљановска Давкова: Вчерашните сцени од меѓународниот натпревар…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вечерва во објава…
Пумпај, пумпај патни трошоци
Ако за нешто може да се каже…
Велевски: Срамно, ВМРО-ДПМНЕ ги остави лозарите на…
Теренска прес конференција на Виктор Велевски –…
Обвинителството отвори постапка по скандирањата за „Голема…
Навивачите на тетовска Шкендија и најголемиот дел…