Спречен терористички напад во Москва
Федералната служба за безбедност на Руската Федерација (ФСБ) спречи терористички напад во близина на полициска станица во Москва, кој го подготвуваа лица од Централна Азија – членови на забранетата ќелија во Русија на меѓународната терористичка организација Исламска држава во Авганистан – „Вилајат Хорасан“.
Оваа информација ја соопшти Центарот за односи со јавноста на ФСБ на Русија.
„Осомничените купиле возило и почнале да прават импровизирана експлозивна направа. За време на апсењето, терористите дале вооружен отпор на руските офицери на ФСБ и на крајот биле неутрализирани со возвратен оган“, се наведува во соопштението, пренесе агенцијата ТАСС.
Ова, нагласува ФСБ, ги запре активностите на ќелијата на меѓународна терористичка организација, чии членови, по потекло од Централна Азија, планирале да извршат терористички акт против еден од полициските оддели. Извршителите го привлекоа вниманието на безбедносните агенции кога собираа информации за одделот на руското Министерство за внатрешни работи во Москва, кој беше избран за цел на терористичкиот напад, соопшти Центарот за односи со јавноста.
За време на истражните дејства во местото на живеење на радикалот пронајдено и одземено е огнено оружје, муниција. Во тек се оперативни дејства за пребарување и истрага.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Спречен терористички напад во Москва
Федералната служба за безбедност на Руската Федерација…
Кузеска: СДСМ бара оставка од членката на…
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната…
Вучиќ: Со вештачка интелигенција додавале луѓе на…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека…
Мајмунските сипаници стасаа кај сосдеите- Прв случај…
Националниот институт за јавно здравје на Косово…
„Вреди“: Владата е посветена на уставните измени,…
Владејачката коалиција „Вреди“ денеска преку писмено соопштение…