Спречен терористички напад за време на маратон во Виена
Државната безбедност открила „спијачи“ на „Исламската држава“ кои планирале напади на неколку големи настани во Европа како одмазда за смртта на нивниот лидер Абу Ибрахим ал Хашими, кој бил убиен со експлозивна направа во северозападна Сирија во февруари за време на американска воена акција.
Според медиумите, терористите планирале напад наречен „Операција исцелување“.
Државната безбедност и Службата за заштита на уставноста и борба против тероризмот, во соработка со странските власти, успеале да ја откријат опасната ќелија на „спијачите“, кои по примерот на бостонскиот бомбаш-самоубиец, планирале да постават бомба на целта на Виенскиот маратон, кој се одржува во април.
Станува збор за петчлена група Ирачани, од кои еден, кој дошол во Австрија во 2015 година поради миграциската криза, имал статус на азил.
Од Министерството за внатрешни работи посочуваат дека станува збор за лица што имаат различен статус на престој во повеќе европски земји, а кои презеле водечки улоги во „Исламската држава“ и давале наредби за нови напади. Тие на многу внимателен начин комуницирале за планот, користеле технологии за шифрирање, меѓу другото, ги користеле и функциите за разговор на конзолите на одредени видеоигри.Австрија е особено внимателна од ноември 2020 година, кога Австриец со потекло од Македонија изврши терористички напад во Виена, при што загинаа четири лица, а повеќе од 20 беа повредени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(0:1) Австрија си даде автогол, Франција ги…
Репрезентацијата на Франција потешко од очекуваното ја оправда фаворитската…
(Видео) Невреме во Австрија: Се излеа река,…
Штаерска ја зафати силно невреме пропратено со…
(Видео) Поплави во Германија, расте водостојот на…
Откако поплавите погодија делови од Германија, поплавите…
Политико: Австрија го поддржува предлогот да се…
Австриските власти го поддржаа предлогот на Белгија…
УЖАС: Во Австрија уапсено 14-годишно девојче припадник…
Во австрискиот град Грац денеска е уапсен…