СПЦ утре ќе дискутира за примање на МПЦ во канонското единство
Лично верувам дека помирувањето помеѓу Македонската и Српската православна црква е возможно. Тоа впрочен беше и најавено од српскиот владика Фотије, дека на Соборот на СПЦ, Македонската Православна Црква- Охридска Архиепископија ќе ја прифати во канонското единство, вели за Алфа српскиот аналитичар Драшко Ѓеновиќ. Она што е неопходно сега да се вратиме на канонскиот поредок.
„Епископи и свештеници од МПЦ ОА имаат апостолско наследување и со тоа не постои разлог да не се прифати во канонско единство и евхаристичкото заедништво не само од страна на СПЦ туку на целиот православен света преку СПЦ. Дури од таквиот поредок и со таква автономија МПЦ-ОА еден ден може да очекува да добие автокефалност“ – вели Драшко Ѓеновиќ, српски верски аналитичар..
Српските аналитичари сметаат дека Вселенскиот Патријарх Вартоломеј со признавањето на МПЦ-Охридска Архиепископија, но дека неговиот збор не е последен и дека конечната одлука треба да ја донесе СПЦ.
„Иако канонски тој (Вселенскиот патријарх Вартоломеј) има статус на прв помеѓу еднаквите, мнозинството од православниот свет не ги признава неговите одлуки, па тоа сигурно ќе се однесува и на МПЦ доколку дадеше томос (акт на автокефалнсот) иако тоа не го направи“ – вели Ѓеновиќ.
Синодот на МПЦ најави дека разговорите со СПЦ продолжуваат во позитивна насока но подалеку од очите на јавноста. Тие се оптимисти и велат сме блиску до добивање автокефалност.
„Во случајот на МПЦ, хиерархија добиваме преку Српска православна црква. Значи треба СПЦ да предложи до останатите православни цркви, а потоа томосот да го потпишат заедно и српскиот и евентуално цариградскиот патријарх или цариградскиот и останатите. Но кога ќе биди тоа, не зависи од нас. Ние се молиме и работиме на тоа“ – вели Владиката Тимотеј, портпарол на Синодот на МПЦ..
СПЦ засега не коментира. Единствен официјален став е оној од Руската црква која соопшти дека автокефалноста на Македонската црква може единствено да дојде преку Српската.
Инаку, утре започнува одржувањето на Саборот на Српската православна црква во Сремски Карловци на која меѓу другото ќе се дискутира и за примањето на МПЦ-Охридска Архиепископија во канонското единство.
извор: alfa.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денес се празнува Пренос на моштите на…
Денес се празнува пренос на моштите на…
Денеска се празнува Светиот великомаченик Пантелејмон
Родум од Никомидија, од мајка христијанка и…
(Видео) Владиката Петар низ солзи и на…
Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски…
На денешен ден во 1986 година загина…
На денешен ден, 15 јуни, во 1986…
Струмичкиот митрополит Наум: Вселенската патријаршија не бара…
Струмичкиот митрополит Наум, во интервју за порталот…