СП: Баџанакот на Тошковски избран за доцент на Факултетот за безбедност – „извиси“ студент на генерација

t

Стевчо Јолакоски, вработен во Министерството за транспорт и врски и баџанак на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски попладнево е избран за доцент на Факултетот за безбедност во Скопје на научна област „полициски науки“, потврдија од Факултетот за безбедност за „Слободен печат“.

Наставно-научниот совет денеска одржал седница и го прифатил предлогот на рецензентската комисија, иако на истиот конкурс биле пријавени други двајца кандидати со висок просек во полициските науки, а едниот бил избран и за најдобар студент на генерација кој магистрирал и тука и во странство.

Јолакоски нема никакво искуство во полициските и криминалистичките науки, освен што докторирал на Факултетот за безбедност.

Иако еден од кандидатите поднесе приговор на рецензентскиот реферат со кој се предлага Јолакоски да биде избран, сепак сите наводи во приговорот се одбиени како неосновани.

И двајцата други кандидати кои се пријавиле на истиот конкурс во август оваа година имаат завршено на Факултетот за безбедност со висок просек и целото образование и работно искуство им е во областа на полициските науки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не помина интерпелацијата на Тошковски

Попладнево во Собранието пратениците дебатираа за интерпелација…

РОДИТЕЛИТЕ НА ЗАГИНАТИТЕ ВО ОЧИ МУ КАЖАА…

Родителите на загинатите му кажаа на Тошковски…

Продолжува судењето за убиството на Вања и…

Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжува судењето…

Петровска: Внатрешната контрола во МВР нарачана од…

„Овој случај не беше одолговлекуван, ниту се…

Продолжен притворот за осомничените за убиството на…

Продолжен притвор од 30 дена добија петмината…