Срамота! За “култура” положено цвеќе е доволно за одбележување на 101-годишнината од раѓањето на Блаже Конески?!
На денешен ден пред 101 година е роден великанот, еден од најголемите Македонци, човекот кој слободно може да застане во ист ред со Гоце Делчев, со Илинденците, со војводите…
Блаже Конески, еден од кодификаторите на македонскиот јазик, автор на “Граматиката на македонскиот литературен јазик”, автор на безброј дела, поезија и проза, стихови и зборови кои секој Македонец веќе ги има во својот генетски код!
Незаборавни пишани дела и незаборавно и ненадминато дело на еден Македонец воопшто, тоа е описот на Блаже Конески, иако сме свесни дека не постои збор кој е достоен да се употреби за великанот Конески.
Иако е еден од најголемите Македонци на сите времиња, државата очигледно не чувствува потреба, иако не станува збор за јубилејна година, достојно и соодветно да го одбележи раѓањето на Конески.
Министерството за култура вели дека го одбележиле раѓањето на Конески со положување свеќе пред споменикот на великанот во МАНУ.
– Незаменлива е улогата на Блаже Конески во создавањето на современиот македонски јазик и во содавањето на Правописот.
Минатата година беше јубилејна, и на ниво на држава, образовните, научните и културните установи организираа голем број настани во „Годината на Блаже Конески“.
Иако оваа година не е јубилејна, делегации од Фондацијата „Небрегово“ и од Советот за македонски јазик положија цвеќе пред споменикот на великанот пред Македонската академија на науките и уметностите. Традиционално, во Небрегово, денот го одбележува локалната самоуправа, велат од Министерството за култура.
Одлично што положиле цвеќе, но иако не е јубилејна година, можеби Министерството требало да размисли соодветно да го одбележи денот.
На пример, покрај положување цвеќе, да го испромовираат делото на Конески, ново издание на некое дело, награда за научни трудови поврзани со Конески, изложби, анализи на неговите дела, промоција низ основни и средни училишта и слично…
Можеби во Министерството не се креативни, но треба да размислат за соодветно чествување на македонските великани, особено за личност која воопшто не е спорна во соседските историски учебници, како некои други.
Великанот Конески нема да биде заборавен иако институциите кои се најповикани за негово промовирање, за оживување на неговото дело и неговор продолжување, од некои причини не се заинтересирани за истото.
Се надеваме дека следната година, ќе се појави некој кој чувствува дека е потребно секоја, не само јубилејната година од раќањето на Конески да се одбележува на соодветен начин, достоен за Великанот!
Ќе постоиме како народ, ќе престанат да нè газат само тогаш кога ќе научиме да ги почитуваме Великаните!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најдоски: ВМРО-ДПМНЕ создаде хаос во културата, на…
Прес-конференција, Мирче Најдоски, претседател на Комисија за…
Нема плати ни во Министерството за култура:…
17ти април, два дена после законскиот рок…
Синдикатот на култура излегува на протести!
Синдикатот на култура излегува на протести, објавија…
„На Љутков приоритет му е да го…
Синдикатот на вработените во Македонската филхармонија е…
Конкурсите за поддршка на проекти од културата…
Министерството за култура и туризам утре ќе…