Србинка го нападнала сопругот додека возел, тој ја исфрлил крај Демир Капија и заминал: Полицијата ја нашла повредена
Повредена жена била пронајдена синоќа на автопатот кај Демир Капија, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 19:50 часот на автопатот А1 Демир Капија – Неготино, по наплатна станица „Демир Капија“, покрај десната коловозна лента, полициски службеници од ОВР – Неготино ја пронашле С.М., на возраст од 49 години од Република Србија, која била со повреди на телото. Извршен е разговор со нејзиниот сопруг Б.М., на возраст од 52 години од Република Србија, кој кажал дека враќајќи се со С.М. и нивните малолетни син и внука од одмор од Република Грција, С.М., која имала здравствени проблеми физички го нападнала, по што настанала физичка пресметка и тој го запрел возилото, ја оставил С.М. покрај патот и заминал со децата кон граничен премин „Табановце“, појаснија од СВР – Велес.
Од страна на Итна медицинска помош – Неготино на С.М. и била укажана лекарска помош, по што била пренесена во здравствена установа „Негорци“. За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Љубоморен сопруг и ја искршил колата на…
Вчера во 11.30 часот во СВР Скопје,…
Србинка го нападнала сопругот додека возел, тој…
Повредена жена била пронајдена синоќа на автопатот…
ДВОЈНО УБИСТВО ВЕЧЕРВА ВО МАКЕДОНИЈА!
Двојно убиство се случи вечерва во Кратово,…
Почина Србинката која беше застрелана од македонски…
Српската државјанка В.Ј. (30) од Трстеник, која…
Ова е жената во која пукаше Албанец…
Триесетгодишната В.Ј. (30) од Велика Дренова е…