Србинка ранета во експлозијата во Истанбул

t

Српска државјанка е ранета во денешниот терористички напад во Истанбул, потврди министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

Во денешната експлозија во Истанбул е ранета наша државјанка. Станува збор за туристката Драгана Ристиќ од Ниш. Таа е надвор од животна опасност и е во болница, каде вечерва ќе биде оперирана, бидејќи ја погодиле шрапнели во рамото, изјави министерот Дачиќ за српски „Курир“.

Засега, пак, како што наведува Дачиќ, нема официјална информација од Истанбул.

Ова е информација од нашите туристи кои беа на лице место и стапија во контакт со нашиот генерален конзулат, кој ќе им пружи помош на сите наши граѓани. Генералниот конзул Ивана Пејовиќ е во постојан контакт со ранетата Ристиќ. Ќе ја информираме јавноста за сите нови детали и развојот на ситуацијата, додаде Дачиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турција го блокира Инстаграм

Овој потег уследи по коментарите на турскиот…

Турција ќе ги заловува, но нема да…

Турскиот парламент усвои закон што налага сите…

Застрашувачка изјава на Ердоган: Турција би можела…

Турција би можела да влезе во Израел…

Татко и ќерка починаа по експлозијата на…

Умре девојката која беше повредена во пожар…

Силен земјотрес ја погоди Турција, се почуствува…

Земјотрес со размери од 4,8 степени според…