Србинот не запира: Уште една убедлива победа на Ѓоковиќ за 1/2 финале на Австралија Опен
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ по 10-ти пат во кариерата се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен!
Во четвртфиналето маестралниот Србин убедливо со 3:0 (6:1, 6:2, 6:4) го совлада незгодниот руски тенисер Андреј Рубљов.
Новак за своето 10-то финале на популарниот „Ози опен“ ќе се бори против Американецот Томи Пол, кој претходно денеска го победи својот сонародник Бен Шелтон со 7:6 (6), 6:3, 5:7, 6:4.
Повреда, провокации од трибините, силен ветер, агресивен Русин… Ништо од ова не можеше да му застане на патот на неуништливиот Србин. Новак беше доста нервозен на овој меч, се расправаше со судијата поради провокатори од трибините, викаше по Иванишевиќ, беснееше поради силниот ветер кој му правеше сериозни проблеми… Сепак, тоа не влијаеше на неговата игра, која беше импресивна повторно.
Од стартот на мечот вршеше притисок на сервисот на ривалот. Веќе во вториот гем Новак ја имаше првата можност да го прекине мечот. Рубљев успеа да се извлече од незгодната ситуација и да го добие тој гем, но тоа беше се што направи во овој сет. Во продолжение Новак врза пет гема, двапати му одзеде сервис на ривалот, а работата ја заврши со убедливи 6:1.
Евидентно беше дека Рубљев ја зголеми агресивноста во вториот сет, но ниту тоа не му помогна против големиот Новак. Само во воведните три гејма успеа да му пружи достоен отпор на Ѓоковиќ, кој во следните ја презема целосната контрола на теренот. Новак повторно добива пет гема во низа и стигнува до практично недостижни 2:0 во сетови (6:2).
Новак продолжи во ист ритам и во третиот сет. Уште на самиот старт му го одзеде сервисот на ривалот и целосно го уби ритамот. На крајот го доби и третиот, овој пат со 6:4 за убедливи 3:0 и 1/2 финале.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…
Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…
ПДПР со демант и објаснување на денешниот…
Реакција и демант По повод видеото што…
Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…
*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…