Србите вријат: Млади Албанци запалиле српско знаме во Прилужје
Група помлади Албанци денеска го украле и го запалиле српското знаме од споменикот на паднатите борци во српското село Прилужје, соопшти Канцеларијата за Косово и Метохија на Владата на Србија.
Тие ја искористиле ситуацијата кога во селото немало струја поради силно невреме и упаднале во населбата околу 16 часот, дошле до споменик со српска тробојка, го скршиле синџирот и го украле знамето кое го запалиле. на улицата која води кон албанскиот дел на селото.
Нивниот чин го забележале мештаните кои ги слушнале како пеат албански песни.
Случајот бил пријавен во полиција која извршила увид.
Станува збор за уште еден притисок и провокација на сметка на Србите во оваа доминантно српска средина, која има за цел да ги вознемири и да ги избрка од прагот, се наведува во соопштението.
Канцеларијата за Косово и Метохија, како што се додава, најостро го осудува овој вандалски чин на албанските бунтовници, што покажува дека во албанското општество нема ни тронка почит кон вредностите на српскиот народ.
Покрај куќите и храмовите на Српската православна црква, кои често се мета на екстремистите, српските гробишта и споменици често се вандализирани и кршени.
Додека Србите и официјален Белград се обидуваат да овозможат мирен соживот на српскиот и албанскиот народ во покраината, албанските претставници со ваквите дела ги уништуваат сите мостови на помирување, додаваат од Канцеларијата за Косово и Метохија.
„Таквите дела се инспирирани од антисрпската реторика на Приштина и Албин Курти, кој не сака повеќе Срби на Косово и Метохија“, се додава во него.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија ќе изгради музеј во чест на…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…
Нови протести против ископувањето на литиум во…
Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ…
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…
Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…
В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…
В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…